Почитувани граѓани,
Во интерес на подобрување на квалитетот на нашите услуги и зајакнување на комуникацијата со вас, во просториите на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип поставивме кутија за пофалби и жалби.
Вашето мислење ни е важно!
Доколку имате пофалба, предлог, забелешка или жалба, ве охрабруваме да ја оставите во кутијата која се наоѓа на видливо место во нашиот објект.
Заедно можеме да создадеме подобра и поквалитетна здравствена услуга за сите.
Ви благодариме за вашата доверба и поддршка.

