ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип ги известува сите здравствени работници кои се пријавиле за вакцинација против хепатит Б дека вакцинацијата ќе се спроведе на 09.03.2026 и 10.03.2026 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, во просториите на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип.
Се замолуваат сите пријавени здравствени работници да се придржуваат кон наведениот термин, со цел непречено и организирано спроведување на процесот на вакцинација.
Здравствените работници кои не се во можност да дојдат во наведените датуми, потребно е претходно да се најават во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, со цел да се договори термин за вакцинација.
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип.

