Published On: September 14, 2026|Categories: Соопштенија|

За лицата кои примиле две дози вакцина против хепатит Б

 

Почитувани,

Одделението по епидемиологија при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип ги известува сите лица кои примиле две дози вакцина против хепатит Б дека потребно е да ја комплетираат имунизацијата со трета доза вакцина.

Согласно Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија, задолжителната активна имунизација против хепатит Б се спроведува со три дози вакцина. Во Програмата е наведено:

„Третата доза на вакцина се дава на растојание не пократко од шест месеци после давање на првата доза или пет месеци од примањето на втората доза“

Со цел да се обезбеди целосна имунизација и соодветна заштита од инфекција со вирусот на хепатит Б, ги повикуваме сите лица кои ја примиле првата и втората доза да го проверат својот вакцинален статус и да се обратат во Одделението по епидемиологија при ЈЗУ ЦЈЗ Штип за примање на третата доза, доколку е исполнет потребниот временски интервал.

 

Што треба да направите?

  • Проверете го датумот на кој сте ја примиле втората дозавакцина против хепатит Б.
  • Доколку е поминат потребниот временски интервал за примање на третата доза, обратете се во Одделението по епидемиологија при ЈЗУ ЦЈЗ Штип.
  • Доколку познавате лице кое примило само две дози вакцина против хепатит Б, информирајте го за потребата од комплетирање на имунизацијата.

 

Со почит,
ЈЗУ ЦЈЗ Штип
Одделение по епидемиологија