ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип организира обуки за стекнување на основни знаења за безбедност на храната, во согласност со важечките законски прописи и Правилникот за поблиските барања за безбедност на храната („Службен весник“ бр. 5/2013).
Со решение бр. 02-2250/5 од 31.05.2013 година, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип е овластена установа за спроведување на обуки и полагање испит, при што кандидатите се стекнуваат со Потврда за стекнати основни знаења за безбедност на храната.
Кој е должен да посетува обука?
Сите оператори со храна имаат законска обврска да обезбедат нивните вработени да поседуваат соодветна стручна подготовка и основни знаења за безбедност на храната.
Од оваа обврска се изземени лица со завршено образование од областите:
- медицина
- ветеринарна медицина
- технологија на храна
- биологија
- хемија
- земјоделски науки и храна
како и лица со средно образование од ветеринарна, медицинска, прехранбена или угостителска струка.
Содржина на обуката
Обуката се реализира согласно пропишаната програма:
- Законодавство од областа на безбедност на храната
- Основи на безбедност на храната
- Болести кои се пренесуваат преку храна
- Хигиена во синџирот на храна
- Лична хигиена
- Хигиена на објекти за производство и промет со храна
- Контрола на безбедност на храната
- Безбедност на храната и животната средина
Наставата се одвива во мали групи (до 20 кандидати), со цел поефикасно усвојување на знаењата.
Начин на спроведување
Обуката се реализира:
- во просториите на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, или
- во просториите на операторот со храна, по претходно барање
Проверка на знаењата
По завршување на обуката се спроведува проверка на стекнатите знаења преку испит пред трочлена комисија.
За полагањето се води записник, а кандидатите се известуваат за резултатите во рок од три дена.
Издавање на потврда
На кандидатите кои успешно го положиле испитот им се издава Потврда за стекнати основни знаења за безбедност на храната, со која се потврдува нивната оспособеност за безбедно ракување со храна.

