Денес во просториите на КПД-Штип беше потпишан меморандум за соработка помеѓу ЈЗУ Центар за јавно здравје Штип и КПД-ШТИП со цел спроведување на обука на осудените лица за основни знаења за безбедност на храна, превенција на крвно и сексуално преносливи инфекции и превенција од ХИВ/СИДА.


