Темата на кампањата за 2025 година: “Дијабетес и благосостојба”
F Kоја е целта?
Целта на Светскиот ден на дијабетес 2025 година е да се подобри благосостојбата на луѓето со дијабетес преку поддршка на работното место, пристап до грижа и почитување на нивните ментални, физички и социјални потреби.
F Клучни факти:
- Дијабетесот е директна причина за 1,6 милиони смртни случаи годишно.
- Последици: Дијабетесот може да доведе до слепило, бубрежна инсуфициенција, срцеви удари, мозочни удари и ампутации на екстремитети.
- Пристап до нега: Многу луѓе со дијабетес немаат пристап до неопходната здравствена нега, што ја зголемува тежината на болеста.
- Ментално здравје: Луѓето со дијабетес често се соочуваат со анксиозност, депресија и стрес, што дополнително го комплицира управувањето со состојбата.
F Како да го спречиме или контролираме?
- Здрава и урамнотежена исхрана: консумирај храна богата со растителни влакна, зеленчук, овошје, полнозрнести житарки и здрави масти
- Редовна физичка активност
- Одржувај здрава телесна тежина
- Контролирај го нивото на шеќер во крвта
- Направи редовни лекарски прегледи
- Грижи се за менталното здравје – управувањето со стресот, добриот сон и поддршката од блиските се подеднакво важни
F Како да се поттикне благосостојба при дијабетес?
- Обезбедување на прифатлива и квалитетна нега за сите.
- Интегрирање на грижа која ги зема предвид менталното здравје и социјалните потреби.
- Образование и поддршка за луѓето со дијабетес (самонега, управување со состојбата).
- Поддршка на работното место: свесност, прилагодливи услови и елиминирање на дискриминација.
* Запомни:
- “Здравите избори го менуваат текот на дијабетесот.”
- “Контролирај го дијабетесот, пред тој да те контролира тебе.”
- “Здравите навики го спречуваат дијабетесот.”
Подготвила:
Д-р Билјана Цекова
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип


