Published On: September 25, 2025|Categories: Соопштенија|

■ Што е контрацепција?

Контрацепцијата претставува начини и средства со кои се спречува несакана бременост. Таа е клучен дел од сексуалното и репродуктивното здравје и им овозможува на луѓето да одлучат дали, кога и колку деца ќе имаат.

 

■ Зошто е важна контрацепцијата?

  • Заштита на здравјето: спречува несакани и ризични бремености.
  • Права и избор: секој има право да одлучува за сопственото тело.
  • Поддршка на образованието и кариерниот развој: посебно за млади девојки и жени.
  • Заштита од сексуално преносливи инфекции (СПИ): особено со користење кондоми.

 

■ Што може да спречи пристап до контрацепција?

  • Недоволно информирање
  • Стигма и табуа околу сексуалното здравје
  • Недоволна едукација за младите
  • Родова нееднаквост

®Според СЗО, милиони жени и девојки ширум светот сé уште немаат пристап до современа, безбедна и ефикасна контрацепција.

 

■ Што можеш да направиш ти?

  • Информирај се – користи проверени извори (како здравствени установи, WHO, UNFPA)
  • Разговарај отворено со партнерот/ката
  • Посети матичен лекар
  • Поддржи други да имаат право на информиран избор
  • Скрши го молкот – сексуалното здравје не е табу!

 

* Запомни:

Контрацепцијата не е луксуз – таа е право.

Информирај се, избери, планирај.

Твое тело – твој избор.

 

Подготвил:

Д-р Билјана Цекова

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип