ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип доби благодарница за учеството и континуираната поддршка во спроведувањето на иницијативата COSI – за следење на дебелината кај децата во Европскиот регион на Светската здравствена организација.
COSI овозможува следење на прекумерната телесна тежина и дебелината кај децата од училишна возраст преку стандардизирани мерења и собирање податоци.

На настанот, организиран од Институтот за јавно здравје, во име на нашата установа присуствуваа спец. д-р Сања Накова Ордева и спец. д-р Вецка Арабаџиева.

Продолжуваме и понатаму активно да придонесуваме во активностите за следење на здравјето на децата и промовирање на здрави животни навики.

