Published On: February 27, 2026|Categories: Соопштенија|

Стручен мониторинг и теренска контрола на ДДД активности

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, како надлежна стручна институција во областа на превенција и контрола на заразни заболувања, воведува нова услуга:

„Стручен мониторинг и теренска контрола на спроведени активности за дезинсекција и дератизација“

Услугата е наменета за:

  • општини,
  • јавни установи,
  • училишта и детски градинки,
  • јавни и приватни правни лица,

во случаи кога ДДД активностите се спроведуваат од страна на други правни лица со овластување за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација.


 Што опфаќа услугата?

  • Теренска контрола на извршените ДДД активности
  • Проценка на применетите средства и методи
  • Изготвување писмен стручен извештај со наоди и препораки

 Цена на услугата

Услугата се наплатува по извршена теренска контрола.

Цена: 5.000 денари по теренска контрола


📞 Контакт

За закажување теренска контрола и дополнителни информации, заинтересираните субјекти може да се обратат до:

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип