Published On: November 28, 2025|Categories: Соопштенија|

На ден 27.11.2025 година, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип спроведе обука за безбедност на храна во просториите на КП Дом Штип. Обуката беше наменета за вработените и за лицата затвореници кои работат во кујната на установата и директно се вклучени во процесите на подготовка, ракување и послужување на храна.

Оваа активност е реализирана врз основа на Меморандумот за разбирање и соработка помеѓу ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип и КП Дом Штип, бр. 03-1279/1 од 19.09.2025 година.

Целта на обуката е едукација на сите лица кои имаат контакт со храна, со што се унапредува хигиената, контролата и квалитетот на подготовката на храна, согласно националните стандарди за заштита на здравјето.

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип е овластена установа со Решение бр. 02-2250/5 од 31.05.2013 година за организирање обуки и полагање испит за стекнување Потврда за основни знаења за безбедност на храна. Обуките се спроведуваат согласно Правилникот за стручна подготовка и основните знаења за безбедност на храната (Сл. весник бр. 5 од 10.01.2013 година).

Со ваквите активности, ЈЗУ ЦЈЗ – Штип продолжува да работи на подигнување на свеста и знаењата за безбедно ракување со храна кај сите категории лица кои секојдневно се дел од овој процес.