Тема: “Секоја приказна е уникатна. Секое патување е важно.“ – СЗО (2025г.)
ШТО ПРЕТСТАВУВА РАКОТ НА ДОЈКА?
- Ракот на дојка е најчестиот малиген тумор кај жените во светот.
- Годишно се дијагностицира кај над 2,3 милиони луѓе, со најголем дел од случаите кај жени на возраст над 40 години.
- Болеста не познава граници – се јавува кај лица од сите возрасти и во сите земји, без оглед на приходите.
ГЛОБАЛНИ ФАКТИ И БРОЈКИ
- Ракот на дојка е најчестиот рак во 157 од 185 земји
- Половина од жените немаат познати ризик-фактори, освен полот и возраста
- До 2050 година, се очекуваат 3,2 милиони нови случаи годишно
ЗНАЦИ НА КОИ ТРЕБА ДА ВНИМАВАШ:
- Jазол или задебелување во дојка или под пазува
- Промена во големината, формата или изгледот на дојката
- Црвенило, набран изглед или промени на кожата
- Болка во дојка што не е поврзана со менструален циклус
- Невообичаена или крвава секреција од брадавицата
- Промени на брадавицата или кожата околу неа (вовлечена брадавица)
Совет: Ако забележите било каква промена – консултирајте се со лекар без одложување!
ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ?
- Самопреглед секој месец
- Редовни лекарски прегледи (мамографија според препораки)
- Редовна физичка активност
- Здрава исхрана
- Одржување на здрава телесна тежина
- Избегнување на алкохол и пушење
- Разговарај со лекар ако имаш семејна историја на рак
ПРИОРИТЕТИ НА СЗО
СЗО ја започна Глобалната иницијатива за рак на дојка (GBCI) со три главни цели:
- Рано откривање и свесност
- Навремена и точна дијагноза
- Пристап до соодветен третман, рехабилитација и палијативна грижа
Цел: Намалување на смртноста за 2,5% годишно до 2040 година.
План: Да се спасат најмалку 2,5 милиони животи до 2040 година.
Подготвила:
Д-р Билјана Цекова
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип


