Published On: May 30, 2025|Categories: Соопштенија|

Кампањата по повод Светскиот ден без тутун (СДБТ) 2025 година ќе овозможи информирање на граѓаните за опасностите од користењето тутун, бизнис практиките на компаниите за тутун, што прави СЗО за борба против тутунската епидемија и што можат да направат луѓето ширум светот за да го остварат своето право на здравје и здрав живот и да ги заштитат идните генерации.

Членките на Светската здравствена организација го создаваат Светскиот ден без тутун во 1987 година за да привлечат глобално внимание на тутунската епидемија. Во 1987, Светската здравствена скупштина донесе Резолуција WHA40.38, повикувајќи 7 април 1988 да биде “светски ден без пушење”. Во 1988, беше донесена Резолуција WHA42.19, повикувајќи на прославување на Светскиот ден без тутун, секоја година на 31 мај.

Годинешната тема е „Разоткривање на привлечноста – Разобличување на тактиките на индустријата за тутун и никотин“, при што кампањата има за цел:

  • Подигнување на свеста:Информирање на јавноста за тоа како тактиките на индустријата ја манипулираат надворешната појава и привлечноста на тутунските и никотинските производи.
  • Залагање за промена на политиките:Воведување забрани за ароми, целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорство на тутунски производи, вклучително и на дигиталните платформи.
  • Намалување на побарувачката:Откривањето на овие тактики кои ги користи индустријата има за цел да ја намали побарувачката, особено кај младите и на тој начин да се намали нивната изложеност на никотин и тутунски производи.

Светски ден без тутун – 31-ви мај 2025 година