Пораки и факти според Светската здравствена организација (СЗО)
ШТО ПРЕТСТАВУВА РАКОТ?
- Ракот е една од водечките причини за смрт во светот, со скоро 10 милиони смртни случаи во 2020 година.
- Најчестите видови рак се: рак на дојка, бели дробови, дебело црево и простата.
- Околу 1/3 од смртните случаи се резултат на: употреба на тутун, висок индекс на телесна маса, консумација на алкохол, намален внес на овошје/зеленчук и физичка неактивност.
- Инфекциите што предизвикуваат рак (како HPV и хепатитис Б и Ц) се причина за 30% од случаите на рак во земји со ниски и средни приходи.
ЗОШТО СЕ ОДБЕЛЕЖУВА 4-ти ФЕВРУАРИ?
- Светскиот ден за борба против ракот е глобална иницијатива за подигнување на свесност, поддршка и поттикнување на акција за намалување на глобалниот товар од рак.
- Темата за 2025–2027 е „United by Unique“, која ја нагласува потребата од грижа ориентирана кон луѓето, признавајќи ги индивидуалните потреби на секој пациент.
- СЗО истакнува дека грижата треба да се обезбеди преку соработка меѓу здравствени работници, семејства, заедници и системите за јавно здравје.
ПРЕВЕНЦИЈА – ШТО ВЕЛИ СЗО?
Според СЗО, 30–50% од сите случаи на рак можат да се превенираат.
Клучните стратегии се:
- Престанок и намалување на употреба на тутун
- Тутунот содржи повеќе од 7000 хемикалии, од кои најмалку 69 се канцерогени.
- Тоа е најголемиот превентабилен фактор на ризик за рак и предизвикува повеќе од 8 милиони смртни случаи годишно.
- Ограничување на алкохолот
- Алкохолот е експлицитно класифициран како група 1 канцероген, поврзан со најмалку 7 типа рак.
- Се проценува дека 740.000 нови случаи на рак годишно се поврзани со консумацијата на алкохол.
- Здрава исхрана, физичка активност и контролирање на телесната тежина
- Дебелината е поврзана со повеќе видови рак: езофагус, дебело црево, дојка, ендометриум, бубрег и други.
- Редовна физичка активност и здрава исхрана го намалуваат ризикот.
- Вакцинација против HPV и HBV
- HPV вакцината ја спречува инфекцијата што е одговорна за повеќето случаи на рак на грлото на матката.
- Вакцинацијата против хепатит Б спречува рак на црн дроб.
РАНО ОТКРИВАЊЕ И СКРИНИНГ
- Многу видови рак се целосно излечливи ако се откријат рано и се третираат соодветно.
- СЗО ги препорачува следните стратегии:
- Скрининг за рак на грлото на матката
- Скрининг за рак на дојка
- Скрининг за колоректален рак
Ова овозможува навремено откривање, подобри исходи и значително намалување на смртноста.
КЛУЧНИ ПОВИЦИ ОД СЗО ЗА 4-ти ФЕВРУАРИ
- „Секој човек има уникатна приказна, но обединети можеме да го намалиме товарот од ракот.“
- „Раната дијагностика, превенцијата и еднаквиот пристап до третман спасуваат милиони животи.“
Пoдготвила:
Д-р Билјана Цекова
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип


