Published On: September 28, 2026|Categories: Соопштенија|

Тема: “Чувај го срцето – живеј здраво”

Слоган: “Секој здрав избор е чекор кон силно срце”

 

þ Што велат податоците од СЗО:

  • “Кардиоваскуларните болести (CVDs) предизвикуваат околу 10.000 смртни случаи секој ден во европскиот регион на СЗО. Тие се водечка причина за смрт и попреченост, одговорни за речиси половина од сите смртни случаи.”
  • “Повеќе од една третина од возрасните (30-79 години) имаат хипертензија, но голем дел од нив не се дијагностицирани, не се лекуваат или не ја контролираат болеста.”
  • “Речиси сите земји во регионот (52 од 53) имаат просечен дневен внес на сол над препорачаното ниво од 5 грама, што ја зголемува стапката на срцеви заболувања.”

 

F Ризик-фактори:

  • Употреба на тутун
  • Нездрава исхрана: висок внес на сол, шеќери, заситени и транс масти, недоволно овошје и зеленчук
  • Физичка неактивност
  • Прекумерна телесна тежина
  • Висок крвен притисок, висок шеќер и висок холестерол во крвта
  • Прекумерна употреба на алкохол
  • Загаден воздух
  • Хроничен стрес

 

¶ Превенција и грижа според СЗО:

  • Редовно мерење и контрола на крвниот притисок
  • Намалување на внесот на сол и нездрава храна
  • Престанок на пушењето
  • Зголемување на физичката активност (најмалку 150 минути умерена активност неделно)
  • Промовирање здрава исхрана богата со овошје и зеленчук
  • Намалување на стресот
  • Редовна консултација со здравствен работник

 

 

& Повик од Светска здравствена организација:

  • “Светскиот ден на срцето е потсетник дека секој од нас има улога во превенцијата на срцевите болести.”
  • “Грижата за срцето започнува денес – со информираност, здрави избори и заедничка акција.”

Подготвила:

Д-р Билјана Цекова

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип