Денес во просториите на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип се реализираше средба помеѓу ВД директорот на установата и претставници на гинеколошките ординации од Штип.
На состанокот се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка, подобрување на координацијата во секојдневното работење, како и за поефикасно користење на расположливите ресурси со цел навремено и квалитетно обезбедување здравствени услуги за пациентите. Посебен акцент беше ставен на усогласување на постапките и понатамошна заедничка комуникација во интерес на пациентите.
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип останува посветен на градење партнерски односи со сите здравствени чинители, со цел обезбедување поквалитетна и подостапна здравствена грижа за граѓаните.


