
ДИРЕКТОР
———————————–
Бранко Горгиев е дипломиран економист при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со повеќе од една деценија искуство во јавниот сектор, особено во областа на комуналните дејности и управување со јавни претпријатија. Својата професионална кариера ја започнува како волонтер во Општина Штип на проектот за легализација на бесправно изградени објекти. Во ЈП „Исар“ – Штип е вработен од 2012 година, каде успешно извршува раководни позиции, вклучувајќи и раководител на Секторот за водовод и канализација, како и економист планер.
Во текот на својата кариера, Горгиев се усовршува и преку обуки и сертифицирани програми, меѓу кои се вбројуваат успешно завршената политичка академија во 2012 година во организација на фондацијата Конрад Аденауер и Институтот Павел Шатев,.
Од декември 2024 година е именуван за вршител на должноста директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип. Го одликуваат одлични комуникациски и организациски вештини, течно познавање на англиски јазик (сертификат APTIS – British Council), како и напредни способности во користење на информатичка технологија. Горгиев е посветен на унапредување на јавноздравствените услуги, транспарентно и ефикасно управување, и континуирано зајакнување на улогата на Центарот во заштитата и унапредувањето на јавното здравје.
