ОТСЕКОТ ЗА ЕПИДЕМИОЛОШКА ДЕЈНОСТ
Отсекот за епидемиолошка дејност од Одделението за епидемиолошка дејност и социјално – медицинска дејност при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, работи врз основа на Законот за јавно здравје, Законот за здравствена заштита, Законот за заштита на населението од заразни болести и подзаконски акти од оваа област, како и врз основа на Програмите од оваа област кои ги донесува Владата на Република Северна Македонија на годишно ниво, и тоа: Националната годишна Програма за јавно здравје во Република Северна Македонија, Програмата за испитување на појавата, спречување и сузбивање на бруцелозата кај населението во Република Северна Македонија, Програма за заштита на населението од ХИВ инфекција во Република Северна Македонија, како и комерцијални услуги по барање на правни и физички лица на подрачјето кое го покрива ЈЗУ ЦЈЗ Штип.
Телефонски број за контакт :
Мобилен: +389 70 267 157
Телефон: +389 32 512 062
Подрачно Радовиш : +389 32 635 383
Подрачно Пробиштип: +389 32 484 227
Барања:
Главни активности и цели на отсекот за епидемиолошка дејност се:
Следење и контрола на заразни болести
- Навремен надзор и рано предупредување за заразни болести преку АЛЕРТ-систем.
- Откривање и контрола на болнички инфекции и антимикробна резистенција.
- Брз одговор при појава на епидемии и нови заразни болести.
Контрола и евалуација на задолжителната вакцинација,
- За подобрување на опфатот и постигнување на целите елиминација/ерадикација на вакцино-превентабилни болести.
- Вакцинација по епидемиолошки индикации.
Превенција на инфекции преносливи преку храна, вода и инсекти
- Откривање и одговор на инфекции кои се пренесуваат преку контаминирана храна и вода.
- Контрола на зоонози и вектор-преносливи инфекции (болести пренесени преку инсекти).
- Спроведување на превентивна и противепидемиска дезинфекција, дезинсекција и дератизација со цел заштита на населението од заразни болести.
Превенција на сексуално и крвно преносливи инфекции
- Одржување ниска преваленца на ХИВ, хепатитис Б и Ц.
- Советувалиште за доброволно, доверливо советуавње и тестирање за ХИВ/СИДА
- Подобрување на системот за надзор над сексуално преносливи инфекции.
Едукација и информирање
- Континуирана здравствено – воспитна дејност и едукативна дејност за спречување и контрола на заразните болести.
Вработени лица во Одделението за епидемиолошка дејност и социјално – медицинска дејност
при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип
Раководител на Одделение за епидемиолошка дејност и социјално – медицинска дејност
Д-р Светлана Живкова – специјалист по епидемиологија
Отсекот за епидемиолошка дејност
Д-р Јасмина Саздовска – специјалист по епидемиологија
Виктор Сарафов – дипл.санитарно – еколошки инженер
Д-р. Антигона Андонова – специјалист по епидемиологија
Прим д-р Зоран Стојановски – специјалист по епидемиологија
Мед. сестра Марика Атанасова
Отсек за социјално – медицинска дејност
Д-р Билјана Цекова – специјализант по социјална медицина и јавно здравје
Мед. сестра Славица Николовска – здравствен статистичар
Кристина Дединец – здравствен статистичар
Закони и правилници во склоп на отсекот за епидемиолошка дејност:
- Програма ХИВ
- Програма за спречување и сузбивање на бруцелоза
- Закон за заштита на населението од заразни болести
- Правилник за начинот на вршење и здравствено хигиенски прегледи за бацилоносители
- Правилник за начинот на пријавување на заразни болести согласно законска регулатива
- Правилник за поблиски критериуми за спречување и сузбивање на интрахоспитални инфекции
- Програма за задолжителна имунизација на населението во Р.С. Македонија за 2025 година


