■ Што е контрацепција?
Контрацепцијата претставува начини и средства со кои се спречува несакана бременост. Таа е клучен дел од сексуалното и репродуктивното здравје и им овозможува на луѓето да одлучат дали, кога и колку деца ќе имаат.
■ Зошто е важна контрацепцијата?
- Заштита на здравјето: спречува несакани и ризични бремености.
- Права и избор: секој има право да одлучува за сопственото тело.
- Поддршка на образованието и кариерниот развој: посебно за млади девојки и жени.
- Заштита од сексуално преносливи инфекции (СПИ): особено со користење кондоми.
■ Што може да спречи пристап до контрацепција?
- Недоволно информирање
- Стигма и табуа околу сексуалното здравје
- Недоволна едукација за младите
- Родова нееднаквост
®Според СЗО, милиони жени и девојки ширум светот сé уште немаат пристап до современа, безбедна и ефикасна контрацепција.
■ Што можеш да направиш ти?
- Информирај се – користи проверени извори (како здравствени установи, WHO, UNFPA)
- Разговарај отворено со партнерот/ката
- Посети матичен лекар
- Поддржи други да имаат право на информиран избор
- Скрши го молкот – сексуалното здравје не е табу!
* Запомни:
Контрацепцијата не е луксуз – таа е право.
Информирај се, избери, планирај.
Твое тело – твој избор.
Подготвил:
Д-р Билјана Цекова
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип


