Ги информираме граѓаните дека во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип пристигнаа 100 дози комерцијални вакцини против сезонски грип од реномираниот производител Sanofi Pasteur, Франција.
Цената на вакцината изнесува 700 денари.
Вакцинацијата се спроведува во просториите на Центар за јавно здравје-Штип на четврти кат во одделението за Епидемиологија, секој работен ден од 08:00 до 14:00.
За повеќе информации обратете се во службите на Центарот или јавете се на 070 267 157.

