Published On: January 21, 2026|Categories: Соопштенија|

 

  • ШТО ПРЕТСТАВУВА РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА?
  • Ракот на грлото на матката е четврти најчест рак кај жените во светот, со 000 нови случаи и 350.000 смртни случаи во 2022.
  • 94% од смртните случаи се јавуваат во земји со ниски и средни приходи поради ограничен пристап до вакцинација, скрининг и третман.
  • Болеста најчесто ги погодува жените на возраст 30–50 години, што ја прави причина за значително социјално влијание (деца што остануваат без родител).
  • Ракот е целосно превентабилен и излечлив ако се открие во рана фаза.

 

  • HPV – ГЛАВНАТА ПРИЧИНА
  • Речиси сите случаи (95%) на рак на грлото на матката се предизвикани од перзистентна инфекција со онкогени HPV типови.
  • HPV е најчеста сексуално пренослива инфекција и најчесто поминува спонтано, но перзистентните инфекции водат до преканцерозни промени.
  • HPV 16 и 18 се одговорни за над 70% од сите случаи на рак на грлото на матката ширум светот.
  • Жените со ослабен имунитет (особено HIV) имаат поголема веројатност инфекцијата да стане хронична и канцерогена.

 

  • HPV ВАКЦИНАЦИЈА — НАЈМОЌНА ПРЕВЕНЦИЈА

WHO препорачува:

  • 90% од девојчињата да бидат целосно вакцинирани до 15-годишна возраст.
  • HPV вакцините се безбедни, ефикасни и со висок имунолошки одговор, значително повисок од природната инфекција.
  • Земјите кои имаат висока покриеност со вакцинација бележат драстичен пад на HPV инфекциите, преканцерозните лезии и рак.

 

 

 

 

  • СКРИНИНГ — КЛУЧ ЗА РАНО ОТКРИВАЊЕ

Зошто е важно да направите ПАП тест?

  • Овозможува рано откривање на преканцерозни промении навремена интервенција.
  • Го намалува ризикот од развој на рак на грлото на матката.
  • Тоа е брза, безболна и достапна процедура.
  • Редовните прегледи се најдобрата превенцијаза зачувување на вашето здравје.
  • Ако болеста се открие рано, шансите за целосно излекување се многу високи.

 

  • WHO ГЛОБАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА (90–70–90)

До 2030 година:

  • 90% вакцинација
  • 70% скрининг
  • 90% третман

Ова е прва стратегија за елиминација на рак како јавно-здравствен проблем.

 

  • КЛУЧНИ ПОРАКИ ОД WHO
  • Ракот на грлото на матката е превентабилен и излечлив ако се открие навреме – времето за акција е СЕГА.
  • Ниту една жена не треба да умре од рак на грлото на матката.

 

Пoдготвила:

Д-р Билјана Цекова

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип