Published On: February 4, 2026|Categories: Соопштенија|

 

Пораки и факти според Светската здравствена организација (СЗО)

 

ШТО ПРЕТСТАВУВА РАКОТ?

  • Ракот е една од водечките причини за смрт во светот, со скоро 10 милиони смртни случаи во 2020 година.
  • Најчестите видови рак се: рак на дојка, бели дробови, дебело црево и простата.
  • Околу 1/3 од смртните случаи се резултат на: употреба на тутун, висок индекс на телесна маса, консумација на алкохол, намален внес на овошје/зеленчук и физичка неактивност.
  • Инфекциите што предизвикуваат рак (како HPV и хепатитис Б и Ц) се причина за 30% од случаите на рак во земји со ниски и средни приходи.

 

ЗОШТО СЕ ОДБЕЛЕЖУВА 4-ти ФЕВРУАРИ?

  • Светскиот ден за борба против ракот е глобална иницијатива за подигнување на свесност, поддршка и поттикнување на акција за намалување на глобалниот товар од рак.
  • Темата за 2025–2027 е „United by Unique“, која ја нагласува потребата од грижа ориентирана кон луѓето, признавајќи ги индивидуалните потреби на секој пациент.
  • СЗО истакнува дека грижата треба да се обезбеди преку соработка меѓу здравствени работници, семејства, заедници и системите за јавно здравје.

 

ПРЕВЕНЦИЈА – ШТО ВЕЛИ СЗО?

Според СЗО, 30–50% од сите случаи на рак можат да се превенираат.
Клучните стратегии се:

  1. Престанок и намалување на употреба на тутун
  • Тутунот содржи повеќе од 7000 хемикалии, од кои најмалку 69 се канцерогени.
  • Тоа е најголемиот превентабилен фактор на ризик за рак и предизвикува повеќе од 8 милиони смртни случаи годишно.
  1. Ограничување на алкохолот
  • Алкохолот е експлицитно класифициран како група 1 канцероген, поврзан со најмалку 7 типа рак.
  • Се проценува дека 740.000 нови случаи на рак годишно се поврзани со консумацијата на алкохол.
  1. Здрава исхрана, физичка активност и контролирање на телесната тежина
  • Дебелината е поврзана со повеќе видови рак: езофагус, дебело црево, дојка, ендометриум, бубрег и други.
  • Редовна физичка активност и здрава исхрана го намалуваат ризикот.
  1. Вакцинација против HPV и HBV
  • HPV вакцината ја спречува инфекцијата што е одговорна за повеќето случаи на рак на грлото на матката.
  • Вакцинацијата против хепатит Б спречува рак на црн дроб.

 

РАНО ОТКРИВАЊЕ И СКРИНИНГ

  • Многу видови рак се целосно излечливи ако се откријат рано и се третираат соодветно.
  • СЗО ги препорачува следните стратегии:
    • Скрининг за рак на грлото на матката
    • Скрининг за рак на дојка
    • Скрининг за колоректален рак

Ова овозможува навремено откривање, подобри исходи и значително намалување на смртноста.

 

 КЛУЧНИ ПОВИЦИ ОД СЗО ЗА 4-ти ФЕВРУАРИ

  • Секој човек има уникатна приказна, но обединети можеме да го намалиме товарот од ракот.“
  • Раната дијагностика, превенцијата и еднаквиот пристап до третман спасуваат милиони животи.“

 

Пoдготвила:

Д-р Билјана Цекова

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип