ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП
ЈЗУ Центар за јавно здравје Штип ги информира граѓаните дека е започнато пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за сезоната 2026/2027.
КОИ ЛИЦА ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВАТ?
За бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи:
- Лица на возраст над 65 години;
- Лица со хронични заболувања;
- Здравствени работници;
- Бремени жени;
- Деца на возраст од 6 месеци до 5 години.
КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?
Пријавувањето се врши електронски преку официјалниот портал за вакцинација на Министерството за здравство:
Линк за пријавување: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu
По извршената пријава, лицата треба да го следат добиениот термин и да дојдат во ЈЗУ Центар за јавно здравје Штип во закажаното време, со цел да ја примат вакцината против сезонски грип.
РАБОТНО ВРЕМЕ НА ВАКЦИНАЛНИТЕ ПУНКТОВИ
- Штип: од 08:00 до 14:00 часот.
- Радовиш: од 08:00 до 13:00 часот.
- Пробиштип: секој вторник и четврток, од 08:00 до 14:00 часот.
Вакцинацијата против сезонски грип е една од најважните превентивна мерка за намалување на ризикот од тешки форми на болеста и можни компликации, особено кај лицата од ризичните категории.
Заштитете го своето здравје и здравјето на вашите најблиски-пријави се навреме за вакцинација !

