Published On: October 30, 2026|Categories: Соопштенија|

ЈЗУ Центарот за јавно здравје – Штип и оваа година го унапредува квалитетот на лабораториските услуги за испитување на вода.

Со новиот сертификат за акредитација, издаден од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија на 21.10.2026 година, Центарот го потврдува квалитетот на испитувањата на вода.

Новина оваа година е што покрај досегашните испитувања, акредитирани сме и за испитување на мирисот и вкусот на водата.

Ова претставува уште еден чекор во унапредувањето на нашата работа и грижата за квалитетот на водата и заштитата на јавното здравје.

 

Прилог кон сертификатот за акредитација на
лабораторија за тестирање