Антропометриско Испитување на Деца од Второ Одделение при Основните Училишта
Цел на Ова Истражување
Во текот на последното тримесечие од 2026-та година нашиот центар – ЈЗУ ЦЈЗ Штип и Институтот за Јавно Здравје на Република С.Македонија(ИЈЗРСМ) и Центрите за Јавно Здравје на Територијата на РСМ спроведоа истражување за трендовите на дебелина кај училишните деца во РСМ. Истражувањето се спроведе согласно методологијата на Светската Здравствена Организација(СЗО) која е одобрена и спроведена во 48 земји членки на Европскиот Регион на СЗО.
Истражувањето е дел од Националната Годишна Програма за Јавно Здравје на Министерството за Здравство на Република С.Македонија(РСМ) за 2026-та година.
Истражувањето е одобрено и од Етичката Комисија на Медицинскиот Факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје.
Податоците кои се добија од ова истражување ќе овозможат креирање на соодветни здравствени програми и акции за подобрување на исхраната и нутритивниот статус кај децата.
Начин на Спроведување на Истражувањето
Мерењата траат околу 5 минути и се спроведоа во училиштето каде што детето учи. Со Истражувањето беа опфатени следните Основни Училишта:
ОУ “Крсте Петков Мисирков” – Радовиш
ОУ “Орце Николов” – с.Ињево
ОУ “Коста Рацин” – с.Подареш
ОУ “Никола Карев” – Пробиштип
ОУ “Гоце Делчев” – Штип
ОУ “Тошо Арсов” – Штип
ОУ “Ванчо Прќе” – Штип
ОУ “Гоце Делчев” – Конче
ОУ “Страшо Пинџур” – Карбинци
Мерењата ги прават Тимови од Доктор на Медицина и Техничар од соодветниот Центар за Јавно Здравје. Во Текот на мерењето детето е измерено за неговата висина и тежина.
Користење на Податоците
Секоја Информација која е обезбедена во текот на Истражувањето ќе биде Анонимна и Доверлива. Во текот на Истражувањето се собираат Податоци од Личен Карактер.
Податоците од Истражувањето ќе бидат објавени во Финален Извештај. Во него нема да се објавуваат Лични Податоци за Испитаниците. Финалниот Извештај ќе содржи Информации за тоа каков е Степенот на дебелина кај Децата од Второ Оддление во РСМ.
Чувањето на Податоците ќе го обезбеди ИЈЗРСМ. Секое понатамошно користење на податоците од истражувањето може да се направи од други Институции само по претходна Согласност од ИЈЗРСМ при што заинтересираната Институција ќе треба да потпише Декларација за Заштита и Обезбедување на Доверливост на Податоците.
Истражувањето од ЈЗУ Центар за Јавно Здравје – Штип го спроведува Одделение за Хигиена и Здравствена Екологија

