Се одбележува последната недела од април, а во 2025 година, ќе се одбележи од 27 април до 03 мај. Нејзината цел е да ја истакне важноста на имунизацијата како еден од најмоќните алатки за заштита на здравјето.
Оваа година се нагласува потребата од продолжување и зајакнување на напорите за вакцинирање на сите луѓе, особено децата, за да се спречат болести кои можат да се превенираат со вакцини.
Клучни факти поврзани со имунизацијата:
1. Имунизацијата спасува милиони животи
Секоја година, вакцините спречуваат 3,5 до 5 милиони смртни случаи од болести како што се дифтерија, тетанус, пертусис (голема кашлица), инфлуенца и морбили.
2. Вакцините се безбедни и ефикасни
Сите вакцини поминуваат низ строги клинички испитувања и континуирано се следат и по нивното одобрување.
Несаканите ефекти се обично лесни и краткотрајни (како болка на местото на апликација или лесна треска).
3. Имунизацијата е клучна за јавното здравје
Вакцините не само што ги заштитуваат индивидуите, туку преку „колективен имунитет“ штитат и оние кои не можат да се вакцинираат (на пример, бебиња, имуносупресивни лица).
4. Пандемијата со COVID-19 го наруши редовниот тек на имунизација
Многу деца пропуштија рутински вакцинации во текот на пандемијата, што доведе до пораст на заболувања кои можат да се спречат со вакцини (на пр., морбили).
5. Имунизацијата е еден од најисплатливите здравствени интервенции
Со вакцинација се намалува финансискиот товар врз здравствебите системи поврзани со болеати кои можат да се превенираат со вакцинација, а се заштедува на трошоци за здравствена заштита и загубен производствен капацитет.
6. Постојат вакцини против повеќе од 20 болести
Вклучувајќи: туберкулоза (BCG), хепатитис Б, МРП, хуман папилома вирус (HPV), ротавирус, рубеола, пневмокок, менингокок и други.





