Published On: May 21, 2025|Categories: Соопштенија|

Почитувани,

 Ве известуваме дека ЈЗУ Центар за јавно здравје Штип располага со одредена количина на вакцини против цревен тифус кои согласно Програма за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија се спроведува кај:

  • Лица вработени на чистење на канализација и септички јами, и на отстранување на смет и други отпадни материи од населени места;
  • Лица вработени на ексхумација на тела на умрени лица;

 

Вакцинацијата се спроведува со давање на една доза вакцина според препораките на производителот. Ревакцинација на вакцинираните лица по епидемиолошки индикации се спроведува со давање на една доза вакцина, после три години од вакцинацијата и се повторува на секои три години, сé додека трае индикацијата.

Цената на една доза на вакцина против цревен тифус изнесува 3.000 денари. За повеќе информации обратете се до Отсек за епидемиолошка дејност на ЈЗУ Центар за јавно здравје Штип

Спец. д-р Светлана Живкова
Моб број: 070/267-157
Емаил: zzzstip@yahoo.com

Со почит,
Директор на ЈЗУ ЦЈЗ Штип
Бранко Горгиев