ОТСЕКОТ ЗА ЕПИДЕМИОЛОШКА ДЕЈНОСТ

Отсекот за епидемиолошка дејност од Одделението за епидемиолошка дејност и социјално – медицинска дејност при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, работи врз основа на Законот за јавно здравје, Законот за здравствена заштита, Законот за заштита на населението од заразни болести и подзаконски акти од оваа област, како и врз основа на Програмите од оваа област кои ги донесува Владата на Република Северна Македонија на годишно ниво, и тоа: Националната годишна Програма за јавно здравје во Република Северна Македонија, Програмата за испитување на појавата, спречување и сузбивање на бруцелозата кај населението во Република Северна Македонија, Програма за заштита на населението од ХИВ инфекција во Република Северна Македонија, како и комерцијални услуги по барање на правни и физички лица на подрачјето кое го покрива ЈЗУ ЦЈЗ Штип.

Телефонски број за контакт :

Мобилен: +389 70 267 157

Телефон: +389 32 512 062

Подрачно Радовиш : +389 32 635 383

Подрачно Пробиштип: +389 32 484 227

ОТСЕК ЗА ЕПИДЕМИОЛОШКА ДЕЈНОСТ ПРИ ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ШТИП

Спроведува имунизација на лица експонирани на одредени заразни болести по епидемиолошки индикаци согласно Програма за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија донесена од Владата на Република Северна Македонија, и тоа:

  • Активната имунизација против вирусен хепатитис Б кај:
    • Сите невакцинирани и непотполно вакцинирани лица вработени во здравствените установи, вклучувајќи ги и учениците и студентите во здравствено образовните струки (медицина, стоматологија, фармација) кои доаѓаат во непосреден контакт со инфективен материјал (крв или серум);
    • Хемофиличари;
    • Болни на хемодијализа;
    • Полови партнери на HBsAg позитивни лица;
    • Лица кои инјектираат дроги;
    • Инсулин зависни болни од шеќерна болест;
    • Болни од хроничен хепатит Ц;
    • Лица со ХИВ/СИДА;
    • Лица со регистрирани сексуално преносливи инфекции (СПИ) и нивни сексуални партнери;
    • Лица кои имале инцидент со инфективен материјал (крв или серум).
  • Активна имунизација на патници во меѓународен сообраќај се спроведува согласно Меѓународниот Здравствен Правилник (IHR), против следните заразни болести: менингококен менингит (Meningitis meningococcica), цревен тифус (Typhus abdominalis). Активна имунизација на патници во меѓународниот сообраќај ќе се врши и против други заразни болести (акутен вирусен хепатит Б – Hepatitis B).
  • Активна имунизација против грип по клинички и по епидемиолошки индикации.
    • По клинички индикации, вакцинацијата се спроведува кај лица постари од шест месеци кои имаат хронични заболувања на белите дробови и кардиоваскуларниот систем, метаболни пореметувања (вклучително и шеќерната болест), состојби на имунодефициенција, бубрежна дисфункција, хемоглобинопатија, имуносупресија .
    • По епидемиолошки индикации вакцинација се спроведува кај:
      • Лица сместени во геронтолошки центри и кај лицата вработени во овие центри;
      • Млади и стари лица сместени во установи за социјална заштита и кај лицата вработени во тие установи;
      • Лица вработени во здравствени установи, кои даваат здравствени услуги и спроведуваат здравствена дејност, а особено вработените во одделенија со зголемен ризик, стационари за хронично заболени лица и друго;
      • Лица вработени во јавни служби кои се посебно експонирани на инфекција, и
      • Лица на возраст над 65 години
    • Активна имунизација против цревен тифус
      • Активна имунизација против цревен тифус по епидемиолошки индикации се спроведува кај:
      • Лица вработени на чистење на канализација и септички јами, и на отстранување на смет и други отпадни материи од населени места;
      • Лица кои живеат во заедничко домаќинство со бацилоносител на цревен тифус;
      • Лица вработени на ексхумација на тела на умрени лица;

Вакцинацијата се спроведува со давање на една доза вакцина според препораките на производителот.

Ревакцинација на вакцинираните лица по епидемиолошки индикации се спроведува со давање на една доза вакцина, после три години од вакцинацијата и се повторува на секои три години, сé додека трае индикацијата.

За повеќе информации обратете се до Отсек за епидемиолошка дејност на ЈЗУ Центар за јавно здравје Штип

Моб број: 070/267-157

Емаил: zzzstip@yahoo.com

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип е регистрирана институција за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Оваа активност ја споведува ОТСЕКОТ ЗА ЕПИДЕМИОЛОШКА ДЕЈНОСТ ПРИ ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ШТИП кој располага со свој стручен тим – доктори специјалисти по епидемиологија, дипл.санитарно – еколошки инженер и едуцирани техничари.

  • ПРЕВЕНТИВНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕЗИНСЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА

Превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација е задолжителна во здравствени установи, училишни и предучилишни установи, социјални установи, угостителски објекти и јавни објекти (аеродроми, станици, пазари и слично), како и во објекти за производство, промет и складирање на храна.

Согласно Законот за Заштитата на населението од заразни болести, Превентивната дезинфекција се врши на секои шест месеци, а дезинсекцијата и дератизацијата најмалку еднаш годишно.

  • ЗАДОЛЖИТЕЛНА (ПРОТИВЕПИДЕМИСКА) ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕЗИНСЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА

 Согласно Законот за заштитата на населението од заразни болести се спроведува по епидемиолошки индикации при појава на епидемии од заразни болести, при опасност од заболувања кои се пренесуваат со инсекти и при опасност од појава на заболувања чии извори на зараза или преносители се глодари.

  • СПРОВЕДУВА ПЛАНИРАЊЕ, КОНТРОЛА И НАДЗОР НАД ИЗВЕДУВАЊЕ НА ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕЗИНСЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА
  • ИЗДАВА ПОТВРДА ЗА ИЗВРШЕНА ПРЕВЕНТИВНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕЗИНСЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА
  • ПОДГОТВУВА СТРУЧНИ ЕЛАБОРАТИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА ЗА ОПШТИНИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ШТИП

Во отсекот за епидемиолошка дејност при ЈЗУ Центар за јавно здравје –  Штип работи Советувалиште за ХИВ/СИДА каде се врши доброволно и доверливо советување и тестирање на сите лица кои сакаат да ја проверат  својата здравствена состојба за ХИВ/СИДА. Советувањето го изведуваат стручни лица кои даваат совети пред тестирање и после тестирање.

Направи ХИВ тест бесплатно, доверливо и анонимно

Лицата кои што сакаат да бидат советувани и тестирани за ХИВ/СИДА, можат да добијат повеќе информации на:

Мобилниот број 070/267-157

Емаил: zzzstip@yahoo.com

или

во Отсек за епидемиолошка дејност на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип на 4 ти кат од ЈЗУ Здравствен дом „д-р Панче Караѓозов“ – Штип, ул. Христијан Карпош бб, Штип

 

Главни активности и цели на отсекот за епидемиолошка дејност се:

Следење и контрола на заразни болести

  • Навремен надзор и рано предупредување за заразни болести преку АЛЕРТ-систем.
  • Откривање и контрола на болнички инфекции и антимикробна резистенција.
  • Брз одговор при појава на епидемии и нови заразни болести.

Контрола и евалуација на задолжителната вакцинација,

  • За подобрување на опфатот и постигнување на целите елиминација/ерадикација на вакцино-превентабилни болести.
  • Вакцинација по епидемиолошки индикации.

Превенција на инфекции преносливи преку храна, вода и инсекти

  • Откривање и одговор на инфекции кои се пренесуваат преку контаминирана храна и вода.
  • Контрола на зоонози и вектор-преносливи инфекции (болести пренесени преку инсекти).
  • Спроведување на превентивна и противепидемиска дезинфекција, дезинсекција и дератизација со цел заштита на населението од заразни болести.

Превенција на сексуално и крвно преносливи инфекции

  • Одржување ниска преваленца на ХИВ, хепатитис Б и Ц.
  • Советувалиште за доброволно, доверливо советуавње и тестирање за ХИВ/СИДА
  • Подобрување на системот за надзор над сексуално преносливи инфекции.

Едукација и информирање

  • Континуирана здравствено – воспитна дејност и едукативна дејност за спречување и контрола на заразните болести.

 

Вработени лица во Одделението за епидемиолошка дејност и социјално – медицинска дејност
при
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип

 Раководител на Одделение за епидемиолошка дејност и социјално – медицинска дејност

Д-р Светлана Живкова  – специјалист по епидемиологија

Отсекот за епидемиолошка дејност

Д-р Јасмина Саздовска – специјалист по епидемиологија
Виктор Сарафов – дипл.санитарно – еколошки инженер
Д-р. Антигона Андонова – специјалист по епидемиологија
Прим д-р Зоран Стојановски – специјалист по епидемиологија
Мед. сестра Марика Атанасова

Отсек за социјално – медицинска дејност

Д-р Билјана Цекова – специјализант по социјална медицина и јавно здравје
Мед. сестра Славица Николовска  –  здравствен статистичар
Кристина Дединец –  здравствен статистичар