
Д-р Светлана Живкова е специјалист по епидемиологија и раководител на Одделението за епидемиолошка дејност и социјално медицинска дејност при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип. Дипломирала на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, по што ја завршила специјализацијата по епидемиологија на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Во текот на својата кариера, д-р Живкова има објавено трудови од областа на јавното здравје во интернационални списанија и има учествувано на бројни меѓународни конференции, работилници и обуки. Како искусен епидемиолог, таа е посветена на истражување на причините и моделите на појава на болести, со цел превенција и унапредување на јавното здравје.

Д-р Јасмина Саздовска е дипломиран доктор на медицина, завршила на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип . По дипломирање работела како општ доктор, а од 2021 година е вработена во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип на одделението за епидемиолошка дејност и социјално медицинска дејност.Во 2024 година се стекнува со титулата Специјалист по епидемиологија. Д-р Саздовска активно работи на својот професионален развој преку учество во бројни работилници, стручни состаноци, конгреси и симпозиуми, и поседува повеќе сертификати од земјата и странство.

Д-р Антигона Андонова е дипломиран доктор на медицина, завршила на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Од 2019 година работи во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип на одделението за епидемиолошка дејност и социјално медицинска дејност. Во 2024 година се стекнува со титулата Специјалист по епидемиологија. Активно учествува на национални и меѓународни семинари, конгреси и програми за континуирана медицинска едукација, што и овозможува постојано да го надградува своето знаење и вештини во областа на епидемиологијата.

Д-р Зоран Стојановски Примариус д-р Зоран Стојановски е истакнат специјалист по епидемиологија со 30 години работно искуство во ЈЗУ ЦЈЗ Штип п.е. Пробиштип. Завршил Медицински факултет во Скопје, каде што стекнал и специјализацијата по епидемиологија и активно учествува во превенција на заразните заболувања и едукација на локалното население. Се истакнува со обемна научна активност, при што има објавено над 40 стручни и научни трудови како и хуманост и посветеност кон пациентите.

Др. Вецка Арабаџиева е дипломиран доктор по општа медицина при факултетот за медицински науки Гоце Делчев во Штип во 2014год. Своето работно искуство го започнува како матичен лекар во ПЗУ Адора Медика – Радовиш, каде што работи 7 години. Во Центар за јавно здравје – Штип е вработена во 2021год. во сектор за санитарно – хигиенска дејност со здравствена екологија во П.Е. Радовиш и моментално е на специјалистички студии по Хигиена со здравствена екологија на медицинскиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Автор е на еден научен труд и коавтор на повеке научни трудови објавени во интернационални списанија со учество на бројни стручни работилници и симпозиуми.

Д-р Билјана Цекова е дипломиран доктор на медицина, кој дипломирал на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во 2017 година. Во моментов е специјализант по социјална медицина и јавно здравје на истиот факултет.Д-р Цекова има објавено пет научни трудови од областа на јавното здравје во интернационални научни списанија. Исто така, поседува признание за успешно реализирана програма за професионална размена при Државниот медицински универзитет во Самара, Русија. Понатаму, таа има сертификати за учество на бројни стручни семинари, конгреси, симпозиуми и работилници, што дополнително ја збогатува нејзината стручност и знаење во областа на јавното здравје.

Славица Николовска е медицинска сестра со над 20 години искуство во здравствениот сектор. Има учествувано на бројни стручни состаноци и едукации, особено во областа на електронска евиденција во здравството. Моментално е вработена како здравствен статистичар во Одделението за епидемиолошка и социјално-медицинска дејност при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, каде активно придонесува во прибирањето и обработката на здравствени податоци.

Виктор Сарафов е дипломиран санитарно-еколошки инженер во областа на медицинските науки и магистер по инженерство во животна средина. Веќе 29 години е дел од тимот на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, каде работи во Одделението за епидемиолошка и социјално-медицинска дејност.

Марика Атанасова е медицинска сестра во подрачната единица на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип во Пробиштип. Со своето долгогодишно искуство од 35 години, таа посветено се грижи за здравјето и благосостојбата на пациентите во заедницата.

Лиле Алексовa е медицинска сестра со искуство во здравствениот сектор. Работела во Здравствен дом Радовиш и веќе 11 години е вработена во подрачната единица Радовиш при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, каде ја извршува својата професионална дејност.

Кристина Дединец вработена во ЈЗУ центар за јавно здравје Штип од 2005 година како здравствен статистичар во одделот на социјална медицина во подрачната единица Радовиш.

Спец. д-р Елена Ѓоргијева е специјалист по медицинска микробиологија и паразитологија и раководител на Одделението за медицинска и санитарна микробиологија при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип. Таа ги завршила специјалистичките студии на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, каде се усовршува на Институтот за микробиологија и паразитологија. Во текот на своето образование, д-р Ѓоргијева била дел од студентската пракса во Државниот Медицински Универзитет во Самара, Русија.Покрај тоа, таа поседува сертификати за учество на многубројни стручни семинари, конгреси, симпозиуми и работилници од областа на медицината.Своето работно искуство го започнала како доктор по општа медицина, а во 2018 година се приклучила на тимот на Центарот за јавно здравје – Штип, каде продолжува да работи и денес.

Д-р Стојкица Тонева Ефремова е доктор на медицина, дипломирана на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, на насоката Општа медицина. Во текот на 2017 година, дел од студентската пракса реализирала во клиничките центри при Државниот медицински универзитет во Самара, Русија.По дипломирањето, речиси три години работела како професор по стручни медицински предмети во СОУ „Јане Сандански“ – Штип. Воедно, има волонтерско искуство на Одделот за неврологија при Клиничка болница – Штип.Од 2021 година е вработена во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, во Оддел за медицинска микробиологија со паразитологија. Во моментов е на специјализација по Медицинска микробиологија со паразитологија.

Невенка Јорданова е медицински лаборант со 37 години искуство во лабораторијата за микробиологија при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, каде со својата долгогодишна стручност и посветеност игра клучна улога во микробиолошките анализи и истражувања.

Кристина Судиклиева е специјализиран лаборант по микробиологија со 6 години работно искуство во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, каде активно учествува во микробиолошките анализи и тестирања.

Анџела Спасовска е дипломиран стручен лаборант по медицинска лабораториска дијагностика со 11 години работно искуство во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, каде активно учествува во лабораториските анализи и дијагностика.

Ивана Димов е медицинска сестра-техничар, вработена во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип од 2018 година, каде ја извршува својата професионална дејност со посветеност и одговорност.

Љупчо Зафиров е медицински лаборант и санитарен техничар со 46 години работно искуство во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, каде со долгогодишно искуство и професионализам ги извршува своите задачи во лабораториската дејност и здравствената инспекција.

Виолета Поповска работи во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип како специјалист – медицинско лабораториски аналитичар веќе 38 години, каде со стручност и посветеност ги извршува своите задачи во лабораториските анализи и дијагностика.

Валентина Ѓорѓева е медицинска сестра која работи на приемно одделение, каде со својата посветеност и искуство активно придонесува во обезбедувањето на квалитетна здравствена услуга и грижа за пациентите.

Сузана Петрова специјалист по санитарна хемија. Има 35-годишно работно искуство во Лабораторијата за санитарна хемија при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, каде што во моментов работи како раководител на лабораторијата по санитарна хемија. Поседува голем број обуки и сертификати од областа на санитарната хемија и лабораториската работа.

Деница Јорданова е дипломиран инженер по хемија со 15-годишно работно искуство во Лабораторијата за санитарна хемија при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип. Во моментов е на специјализација по санитарна хемија на фармацевтски фауктет во Скопје.

Д-р Сања Накова Ордева е доктор по медицина, дипломирана на Медицинскиот факултет – Штип. Своето професионално искуство го започнува како општ доктор во Итната медицинска помош – Штип, каде што работи четири години. Од 2019 година е вработена во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, на Одделот за хигиена и здравствена екологија и во моментот е на специјализација по хигиена и здравствена екологија.

Емил Наумов е лабораториски техничар во Одделението по хигиена при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, каде извршува технички и теренски задачи поврзани со хигиенски надзор и заштита на животната средина.

Гоце Стојанов е медицински техничар во Одделението по хигиена при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, со 40-годишно работно искуство и долгогодишен придонес во областа на јавното здравје.

Милан Филипов е дипломиран лабораториски техничар во Одделението по хигиена при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, каде со својата стручност и посветеност придонесува за одржување на хигиенски стандарди и заштита на јавното здравје.

Сања Алексоска е дипломиран правник и работи како соработник за правни работи во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, каде што се занимава со правни консултации и обезбедување на правна поддршка во процесите на работа на институцијата. Сања има и сертификати за канцелариско и архивско работење, што ја прави дополнително квалификувана за управување со документи и административни процеси.

Соња Наумова е дипломиран инженер технолог со 30-годишно работно искуство како медицински лаборант во приемното одделение на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип. Последната година е ангажирана во архивата на установата, каде што работи на водење на деловодни книги и документи.

Наталија Кожинкова работи како благајник при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип. Има завршено вишо педагошко образование при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Пред да се вработи во ЈЗУ Центар за јавно здравје Штип , има работено административна работа во приватна компанија, каде стекнала корисно искуство во областа на административното работење и комуникација со клиенти.

Здравка Трифунова е вработена како садомијач во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, каде одговорно и посветено ја извршува својата работа, придонесувајќи за одржување на хигиената и здравата средина во установата.

Емилија Коцалева веќе 10 години работи како хигиеничар во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, каде со одговорност и посветеност придонесува за одржување на чиста и безбедна работна средина.
