Published On: October 1, 2026|Categories: Соопштенија|

 

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, во соработка со Општина Штип, започна со реализација на проектот „Подигање на свеста на средношколската младина за сексуално преносливи болести и можните последици од нив со насока на превенција на истите“.

Во рамки на проектот, во средните училишта на територијата на Општина Штип се реализираат стручни предавања наменети за средношколците, со цел информирање и едукација на младите за сексуално преносливите болести, нивната превенција и значењето на одговорното однесување.

Предавањата ги реализираат нашите здравствени работници, д-р Тоше Бојчевски и спец. д-р Јасмина Саздовска, кои со своето стручно знаење и директна комуникација со учениците придонесуваат кон подигнување на свеста за важноста на превенцијата и грижата за сопственото здравје.

Активностите продолжуваат и во наредниот период, со опфат на сите средни училишта на територијата на Општина Штип.

Во продолжение споделуваме фотографии од дел од досегашните предавања.