Published On: October 8, 2025|Categories: Соопштенија|

ЈЗУ Центар за јавно здравје ги известува граѓаните дека е започнато пријавувањето за имунизацијата против сезонскиот грип за претстојната сезона.

 

Од Министерството за здравство набавени се 80.000 дози на вакцини против сезонски грип, станува збор за четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија,

Вакцината против сезонски грип е безбедна и претставува најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за следните ризични групи:

    • Стари лица (над 65 години)
    • Лица со хронични заболувања
    • Здравствени работници
    • Бремени жени
    • Деца на возраст од 6 месеци до 5 години

 

  • Со пополнување на формата на https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин.

 

  • Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, по пат на СМС-порака ќе добиете информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате.

 

Место и организација на вакцинацијата

 

Вакцинацијата против сезонски грип ќе се спроведува на приземјето од ЈЗУ Здравствен дом “д-р Панче Караѓозов“–Штип, секој работен ден во периодот од 08 до 14 часот.

 

Граѓаните кои добиле термин за вакцинација преку СМС-порака треба да го почитуваат времето наведено во пораката, со цел да не се создаваат непотребни гужви и да се обезбеди уреден тек на имунизацијата.

 

Порака до граѓаните

 

Грижата за здравјето започнува со превенција.

Со навремена вакцинација и примена на едноставни хигиенски навики, можеме заедно да го намалиме ширењето на вирусот на грипот и да ги заштитиме најранливите категории на население.

 

 

Што е сезонски грип?

 

Сезонскиот грип е акутна вирусна инфекција на дишните патишта, предизвикана од вируси на инфлуенца тип А и Б, кои секоја година циркулираат меѓу луѓето. Болеста може да се појави кај сите возрасни групи, а најчесто се јавува во зимските месеци.

 

 

Како се пренесува?

 

Вирусот на грип се пренесува:

 

  • преку респираторни капки што се исфрлаат при кашлање, кивање или зборување;

 

  • со директен контакт со заразено лице;

 

  • преку контаминирани предмети и површини (раце, телефони, рачки од врати итн.).

 

 

 

Инкубационен период

 

Инкубациониот период е обично 1 до 4 дена (најчесто 2 дена) од изложување до појава на симптоми.

 

 

Симптоми на грип

 

  • Висока температура

 

  • Главоболка

 

  • Болки во мускулите и зглобовите

 

  • Сува кашлица

 

  • Болки во грлото

 

  • Замор и малаксаност

 

  • Кај децата – гадење, повраќање или дијареа

 

 

Симптомите траат 5–7 дена, но заморот може да продолжи и подолго.

 

 

Можни компликации

 

Кај ризичните групи, грипот може да предизвика:

 

  • пневмонија,

 

  • влошување на хронични заболувања (астма, дијабетес, срцеви болести),

 

  • хоспитализација,

 

  • па дури и смртен исход.

 

 

Превенција и заштита

 

Вакцинација

 

Вакцината против сезонски грип е најбезбедна и најефикасна заштита.

Се препорачува една доза секоја сезона, бидејќи вирусите на грип постојано мутираат, а составот на вакцината се ажурира секоја година според препораките на Светската здравствена организација.

 

Хигиенски мерки

 

Често миење на раце

 

Покривање на устата и носот при кашлање и кивање

 

Избегнување близок контакт со заболени лица

 

Проветрување на просториите и одржување на лична хигиена

 

 

Сезоната на грип во Македонија

 

Во нашата земја, сезоната на грип најчесто започнува во декември и трае до март или април.

 

Изјава:

https://www.facebook.com/share/v/1CAJ2iKmd8/