


Северна Македонија продолжува со напредокот во имплементацијата на пристапот „Едно здравје“ преку тридневната работилница за заедничка проценка на ризик (Joint Risk Assessment – JRA), во периодот од 21 до 23 мај 2025 година.
Работилницата, организирана со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО) и клучните партнери, обедини 25 национални експерти од секторите јавно здравје, ветеринарство, заштита на животна средина и безбедност на храна.
Д-р Светлана Живкова, специјалист епидемиолог од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, беше член и учесник во техничката работна група на оваа работилница, во решавање на сценарија од реалниот контекст и интерсекторски дискусии.
Продолжуваме заедно да работиме на:
- зајакнување на националните капацитети за мултисекторска проценка на ризик
- мапирање на патишта за пренос на зоонозни болести
- развој на заеднички стратегии за управување со ризикот и комуникацијата
Нашиот тридневен собир е значајна пресвртница во заедничките напори за справување со инфективни болести и заштита на здравјето на сите нас.
Да изградиме поздравa и поотпорна иднина – заедно!
#OneHealth #ZoonoticDiseases #JointRiskAssessment #PublicHealth #HealthSecurity
@WHO North Macedonia @WHO Regional Office for Europe

