Published On: February 27, 2026|Categories: Соопштенија|

Повторно одржана обука за безбедност на храната

Во организација на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, и овој месец успешно
се одржа обука за безбедност на храната, наменета за сите лица кои работат
со храна или доаѓаат во контакт со храна во рамки на своето работно место.
Обуката има за цел унапредување на знаењата за хигиенските стандарди,
правилното ракување со храна, спречување на контаминација и заштита на
здравјето на потрошувачите, согласно законските прописи и стручните
препораки.

Ги информираме сите заинтересирани правни и физички лица дека можат
слободно да поднесат барање за присуство на обуката. По доставување на
барањето, кандидатите ќе бидат навремено известени за терминот на
одржување.

За повеќе информации во врска со начинот на пријавување,
заинтересираните можат да се обратат директно во просториите на Центарот
или преку официјалните контакт-податоци.
Грижата за безбедна храна е заедничка одговорност.