Published On: October 10, 2025|Categories: Соопштенија|

Тема: “Секоја приказна е уникатна. Секое патување е важно.“ – СЗО (2025г.)

 

ШТО ПРЕТСТАВУВА РАКОТ НА ДОЈКА?

  • Ракот на дојка е најчестиот малиген тумор кај жените во светот.
  • Годишно се дијагностицира кај над 2,3 милиони луѓе, со најголем дел од случаите кај жени на возраст над 40 години.
  • Болеста не познава граници – се јавува кај лица од сите возрасти и во сите земји, без оглед на приходите.

 

ГЛОБАЛНИ ФАКТИ И БРОЈКИ

  • Ракот на дојка е најчестиот рак во 157 од 185 земји
  • Половина од жените немаат познати ризик-фактори, освен полот и возраста
  • До 2050 година, се очекуваат 3,2 милиони нови случаи годишно

 

ЗНАЦИ НА КОИ ТРЕБА ДА ВНИМАВАШ:

  • Jазол или задебелување во дојка или под пазува
  • Промена во големината, формата или изгледот на дојката
  • Црвенило, набран изглед или промени на кожата
  • Болка во дојка што не е поврзана со менструален циклус
  • Невообичаена или крвава секреција од брадавицата
  • Промени на брадавицата или кожата околу неа (вовлечена брадавица)

Совет: Ако забележите било каква промена – консултирајте се со лекар без одложување!

 

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ?

  • Самопреглед секој месец
  • Редовни лекарски прегледи (мамографија според препораки)
  • Редовна физичка активност
  • Здрава исхрана
  • Одржување на здрава телесна тежина
  • Избегнување на алкохол и пушење
  • Разговарај со лекар ако имаш семејна историја на рак

 

ПРИОРИТЕТИ НА СЗО

СЗО ја започна Глобалната иницијатива за рак на дојка (GBCI) со три главни цели:

  1. Рано откривање и свесност
  2. Навремена и точна дијагноза
  3. Пристап до соодветен третман, рехабилитација и палијативна грижа

Цел: Намалување на смртноста за 2,5% годишно до 2040 година.

План: Да се спасат најмалку 2,5 милиони животи до 2040 година.

 

Подготвила:

Д-р Билјана Цекова

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип