- ШТО ПРЕТСТАВУВА РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА?
- Ракот на грлото на матката е четврти најчест рак кај жените во светот, со 000 нови случаи и 350.000 смртни случаи во 2022.
- 94% од смртните случаи се јавуваат во земји со ниски и средни приходи поради ограничен пристап до вакцинација, скрининг и третман.
- Болеста најчесто ги погодува жените на возраст 30–50 години, што ја прави причина за значително социјално влијание (деца што остануваат без родител).
- Ракот е целосно превентабилен и излечлив ако се открие во рана фаза.
- HPV – ГЛАВНАТА ПРИЧИНА
- Речиси сите случаи (95%) на рак на грлото на матката се предизвикани од перзистентна инфекција со онкогени HPV типови.
- HPV е најчеста сексуално пренослива инфекција и најчесто поминува спонтано, но перзистентните инфекции водат до преканцерозни промени.
- HPV 16 и 18 се одговорни за над 70% од сите случаи на рак на грлото на матката ширум светот.
- Жените со ослабен имунитет (особено HIV) имаат поголема веројатност инфекцијата да стане хронична и канцерогена.
- HPV ВАКЦИНАЦИЈА — НАЈМОЌНА ПРЕВЕНЦИЈА
WHO препорачува:
- 90% од девојчињата да бидат целосно вакцинирани до 15-годишна возраст.
- HPV вакцините се безбедни, ефикасни и со висок имунолошки одговор, значително повисок од природната инфекција.
- Земјите кои имаат висока покриеност со вакцинација бележат драстичен пад на HPV инфекциите, преканцерозните лезии и рак.
- СКРИНИНГ — КЛУЧ ЗА РАНО ОТКРИВАЊЕ
Зошто е важно да направите ПАП тест?
- Овозможува рано откривање на преканцерозни промении навремена интервенција.
- Го намалува ризикот од развој на рак на грлото на матката.
- Тоа е брза, безболна и достапна процедура.
- Редовните прегледи се најдобрата превенцијаза зачувување на вашето здравје.
- Ако болеста се открие рано, шансите за целосно излекување се многу високи.
- WHO ГЛОБАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА (90–70–90)
До 2030 година:
- 90% вакцинација
- 70% скрининг
- 90% третман
Ова е прва стратегија за елиминација на рак како јавно-здравствен проблем.
- КЛУЧНИ ПОРАКИ ОД WHO
- „Ракот на грлото на матката е превентабилен и излечлив ако се открие навреме – времето за акција е СЕГА.“
- „Ниту една жена не треба да умре од рак на грлото на матката.“

Пoдготвила:
Д-р Билјана Цекова
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип

