Published On: December 30, 2025|Categories: Соопштенија|

Во текот на 2025 година, ЦЈЗ Штип реализира значајно зголемување на лабораториската активност, теренската контрола и превентивните програми, што ја потврдува институцијата како водечки носител на јавно – здравствените активности во регионот.

Одделението за микробиологија со паразитологија ја зголеми дијагностичката моќ со брза и современа лабораториска дијагностика, овозможувајќи поефикасно лекување и навремена епидемиолошка реакција.

  • 29 437 пациенти (раст +6,1% од 2024)
  • 61 804 лабораториски анализи (раст +9,2%)
    ─ 34 535 микробиолошки брисеви и култури
    ─ 9 360 серолошки/вирусолошки тестови
    ─ 17 666 бактериски тестови
    ─ 243 паразитолошки анализи
  • Имунохроматографски тестови +30,4%, бактериски антиген тестови +54,9%, ELISA/CLIA +13–16%
  • Проширена молекуларна дијагностика:
    • Multiplex PCR за респираторни вируси, PCR за бактериски респираторни причинители,
    • PCR за сексуално-преносливи инфекции и
    • HPV генотипизација
  • Воведено тестирање за токсин на Clostridium difficile

Во 2025 година беше спроведен континуиран јавно – здравствен надзор согласно националните програми и законските обврски.

  • 426 индивидуални пријави за заразни болести
  • 630 лабораториски изолати
  • 92 епидемиолошки анкети
  • 40 теренски увиди за контрола на пријавување
  • 4 510 бесплатни вакцини против сезонски грип (+14%)
  • 50 комерцијални вакцини
  • 108 вакцини за возрасни по ризик и епидемиолошки индикации
  • Контрола на студен синџир – спроведени теренски увиди во вакцинални пунктови и породилишта
  • 130 теренски увиди во болничка средина
  • 883 микробиолошки анализирани материјали
  • Информации со предлог-мерки доставени до релевантни институции
  • 235 брисеви од работни површини (+18%) во ПЗУ
  • 156 брисеви од инструменти (+58%) во ПЗУ
  • 35 аероседименти во ПЗУ
  • Биолошка контрола на стерилизација: сув стерилизатор +14%, автоклав +13%
  • 630+ објекти опфатени со превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација
  • 5 елаборати и оперативни планови за превентивна и задолжителна дезинсекција и дератизација
  • 15 контроли на комарци (вектор-контрола)
  • ЈЗУ ЦЈЗ Штип располага со подготвен и обучен тим за навремен одговор при епидемии.
  • 11163 прибрани и логички-математички контролирани податоци со компјутерски внес од индивидуални извештаи за едно тромесечје
  • 4369 обработени пријави за хронични незаразни болести
  • 2007 збирни извештаи за кадар, извршени услуги и морбидитет
  • 182 збирни извештаи за кадар од прво и второ полугодие, извршени услуги и морбидитет
  • 240 годишни извештаи за кадар (образец 3-00-60)
  • 15 стручни-методолошки увиди
  • 9 изготвени анализи и информации во врска со здравствената состојба на населението на подрачјето кое го покрива ЈЗУ ЦЈЗ Штип
  • Промотивни активности – јавна свест, обележани 9 здравствени денови/недели, меѓу кои: Светски ден на контрацепција,Светски ден на дијабетес, Месец за рак на дојка, Светски ден на безбедност на храна, Светска недела за промоција на здравјето и др.
  • 1 233 примероци на вода за пиење и површинска вода
    – контрола во градски и рурални средини
    – јавни објекти (училишта, болници, градинки, КП домови)
    – дополнителни анализи по барање на клиенти
  • 129 брисеви од работни површини
  • 113 примероци храна за микробиолошка и хемиска анализа
  • редовни и вонредни теренски санитарни увиди
  • спроведени се 7 330 задолжителни здравствено-хигиенски прегледи

Во 2025 година Центарот за јавно здравје – Штип бележи рекорден финансиски прилив од 22 милиони денари, што е зголемување од 250% во однос на 2024 година – показател за довербата и побарувачката за нашите услуги.

Во 2025 година ЦЈЗ Штип ја зајакна својата улога како креирачка, теренска и аналитичка јавно – здравствена институција, со:
✔ зголемен лабораториски опфат
✔ модернизација преку PCR-дијагностика
✔ засилен епидемиолошки надзор и имунизација
✔ силна превенција преку ДДД-мерки и хигиенски надзор
✔ континуирана едукација и промоција на здравјето

Со вакви резултати, Центарот останува клучен столб за заштита, превенција и јавно-здравствен развој на регионот.