Активности во Одделението ХИГИЕНА И ЗДРАВСТВЕНА ЕКОЛОГИЈА:

  • Следење, спроведување и предлагање мерки за снабдување на населението со безбедна вода за пиење;
  • Санитарен надзор над објектите за водоснабдување, над извориштата, резервоарите, водоводната мрежа и нивната околина во санитарни зони;
  • Проценка на здравствената исправност на водата за пиење, површинските води за капење и рекреација, водите од отворени и затворени базени со бактериолошка и физичко-хемиска анализа на водата;
  • Проценка на безбедноста на прехранбените производи врз основа на анализи извршени во акредитирани лаборатории во Центарот;
  • Анализа на безбедноста на храната наменета за исхрана во стационарните установи со цел превенција на болести поврзани со небезбедна храна,
  • Анализа на брисеви од работни површини и предмети за општа употреба;
  • Вршење на санитарно-хигиенски увиди на објектите за примена на храна;
  • Следење на биолошкиот квалитет на исхраната на вулнерабилните популациони групи и предлагање на соодветни мерки за подобрување на истата;
  • Следење на нутритивен статус на популационите групи со антропометриски мерења, следење на растот и развојот на децата и учениците со функција на рана детекција на прекурсори на можни здравствени ризици за појава на хронични незаразни заболувања;
  • Здравствено–хигиенски (санитарни) прегледи заради спречување на заразни болести
  • Проценка на нутритивната вредност на исхраната на популационите групи (во предучилишни установи, болнички институции, студентски и ученички домови) со примена на стандардни диететски методи, односно софтверска анлиза на оброците. Со добивање на просечен дневен внес на макро и микронутриенси, а потоа се пресметува енергетски внес.

Барање за санитарни прегледи